20 септември 1519, Магелан тргнал на пат околу светот
Португалскиот морепловец Фернандо Магелан (изворно: Фернанду де Магаљајш) во служба на шпанскиот крал Карло V, од Сан Лукар во Шпанија со својата експедиција од 5 бродови тргнал на пат околу светот со цел да го открие западниот пат за Индија и во освојување на колонии за шпанската династија.
Во 520 година ги истражил југоисточните брегови на Јужна Америка и го открил според него наречениот Магеланов Проток, а преку него поминал во океанот кој го нарекол Тихи (Пацифик). Загинал на Филипинските Острови во борба против домородците, на 27 април 1521 година.
Другиот дел од експедицијата се вратил во Шпанија. Така било докажано дека Земјата е округла и дека новите краишта што ги открил Колумбо не се дел од Индија, туку посебен континент.