20 септември 2005, почина ловецот на нацисти, Симон Визентал
Симон Визентал преживеа четири различни концентрациони логори за време на Втората светска војна по чие завршување се впушти во децениски лов на избеганите нацисти.
Роден на 31 октомври 1908 година во градот Бучач во Австро-Унгарија, денешна Украина, Визентал од 1941 бил сместен во Јановска концентрациониот логор, потоа во Краков-Плашов, Грос-Розен, Маутаузен-Гузен од каде го ослободиле Американците.
Само три недели по ослободувањето подготвува огромен список со имиња на нацисти кој им го предава на Американците. Потоа се впушти во нацистички лов низ светот бркајќи ги Адолф Ајхман, Франц Штангл, Хермине Браунштајнер и Јозеф Менгеле од најпознатите.