200 години од првиот велосипед: Го освојува светот и ја спасува планетата

Возењето велосипед денес е еколошка опција за превоз и една од омилените спортски рекреации за многу луѓе. Со развивањето на нови модели и растењето на вело-свеста на граѓаните, градовите сѐ почесто го поздравуваат еколошкото користење на велосипедите, а самите возачи се фалат со бројните предности од ваквиот начин на превоз.

Првиот велоспед е направен во 1817 година и првиот модел немал педали, туку возачот се движел со „веслање“ со стапалата по земја.

„Таткото“ на ова превозно средство, германскиот барон Карл фон Драјс, на 12 јуни, 1817 година за прв пат се извозил на неговата Laufsmaschine два километри од центарот на Мајнхајм и назад за помалку од еден час. Тој го измислил првиот велосипед бидејќи му требала замена за коњската кочија што тогаш била најважното превозно средство.

Со текот на времето, велосипедите се усовршувале и моделите станувале сѐ попрактични. Денес постојат и т.н. електрични велосипеди што им го олеснува движењето на постарите луѓе на подолги релации без да се уморат.

Денес, 200 години по создавањето на првиот велосипед, многу градови го поттикнуваат урбаниот велосипедизам бидејќи го намалува сообраќајниот метеж и испуштањето штетни гасови од автомобилите.

Исто така возењето велосипед е здрава физичка активност, особено за луѓето кои немаат многу можност за раздвижување и го поминуваат поголемиот дел од денот во седење, особено на работа.

Дали сте вие дел од граѓаните кои возат велосипед како превозно средство или рекреативно? Потсетете се на предностите од возењето велосипед, како безбедно да уживате во возењето, а исто така не заборавајте да ја проверите исправноста на вашиот верен сопатник.

Приклучете се во дискусијата на нашиот Форум и бидете во тек со новитетите и случувањата во областа на рекреативниот велосипедизам.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе