200.000 националисти маршираа низ Варшава

На 100-годишнината од независноста на Полска, во Варшава беа организирани два паралелни маршеви.

Дури 200.000 националисти, екстремни десничари и фашисти вчера маршираа нив Варшава во Маршот за независност, во одбележувањето на 100-годишнината од независноста на Полска.

Градоначалничката на Варшава, Хана Гронкиевич-Валц претходно го забрани маршот поради расистички, антисемитски и неофашистички транспаренти и симболи. Но, националистичката десница на Полска најави дека нема да ја почитува забраната и дека ќе излезат на улиците.

Маршот на независноста беше предводен од воени возила, а зад нив чекореше полскиот државен врв и политичари од владејачката партија, на чело со Јарослав Качински.

Од паралелниот марш на неонацистите се слушаа навредливи изрази, а група учесници го запалија знамето на ЕУ.

„Гледаме што се случува во Скандидавија. Не сакаме така да биде и кај нас. Оттука нека тргне искрата која полека ќе ги победи тие марксисти и либерали кои ја уништуваат оваа земја“, изјави организаторот Роберт Бонкјевич.

Тој ги повика националистите да создадат нова полска елитa која ќе ја преземе „менталната власт“ над Полјаците.

„На Европа ѝ е потребна силна, христијанска, католичка Полска“, изјави тој.

Во Врцолав, Маршот на независноста организиран од радикалните националисти заврши со тројца повредени. Учесниците фрлале петарди и шишиња врз активисти кои стоејќи мирно протестирале против агресивниот национализам и антисемитизам.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Read more

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Read more

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Read more
 

Вести

  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе