21 година од загинувањето на армиските припадници кај Карпалак

Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одбележат 21-годишнината од загинувањето на армиските припадници кај месноста Карпалак.

–  Делегација предводена од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар во Mинистерството за одбрана Драган Николиќ, во 9:00 часот ќе положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак. Во 13:00 часот, заедничка делегација од Министерството за одбрана и Армијата ќе положи венец пред комплексот „Карпалак“ во центарот на Прилеп, информираа од МО и АРСМ.

На 8 август 2001 година на автопатот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата, при што загинаа десет армиски припадници: Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Пеце Секулоски, Веби Рушитоски, Марко Деспотоски, сите од Прилеп и Прилепско.

Во прилепската касарна почнаа одбележувањата за Карпалак

Со поклон, почит и тага пред спомен обележјето во прилепската касарна „Мирче Ацев“ вчера почна одбележувањето на 21 година од трагичниот настан кај месноста Карпалак на патот Скопје – Тетово.

Пред спомен обележјето се поклонија и положија цвеќиња претставници на семејствата на загинатите, на Армијата, претставник од кабинетот на Претседателот, од локалната самоуправа, здруженија, граѓани и поединци.

Оддавајќи им почит на загинатите бранители командантот на прилепскиот гарнизон, потполковник Славчо Кузманоски рече дека спомените и тагата остануваати по 21 година, како вчера да било.

-Измешани чувства на гордост и тага за Нане, Сашо, Веби, за Бранко, Горан, Ердован, Дарко, Љубе, Пецо и за Марко, припадници на резервниот армиски состав. Ненадомстлива загуба, тага и болка за семејствата, вечни спомени за нас. Останува обврската наша и на идните поколенија и генерации да го чуваме споменот за нив, да го негуваме, да се сеќаваме на 2001-та година и да не дозволиме никогаш да се повтори, рече командантот на гарнизонот, Кузманоски.

Преживеаниот возач на автобусот Ацо Јованоски секоја година се сеќава и го посетува местото Карпалак на патот Скопје – Тетово. Најголема болка му е што нема спомен обележје.

– Јас 20 години одам на Карпалак и 20 години е истата тема – секогаш барав барем едно обично камче да постават. Да има каде да се положи цвеќето. Но, го положуваме на банкината. првото возило што ќе помине по нас, го оддувува, како да не било, вели Јованоски кој веќе е со нарушено здравје.

Игор Петрески, претседател на здружението „Карпалак“ е разочаран и стојат на ставот дека биле предадени и „наместени“.  Вели дека многу се ветуваше, но не е направено.

– По 21 година веќе сме целосно заборавени. Единствено се потсетуваме на настаните на овие датуми. Бранителите од 2001-та како речиси да не постојат, рече Петрески.

Почит се оддава и пред споменикот во селото Леништа, а се одржa и вечерна богослужба во манастирот „Света Петка“.

Денес, делегации ќе се упатат на месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово, ќе бидат посетени вечните почивалишта на загинатите бранители на прилепските градски гробишта и во населените места, а во 10 часот ќе се одржи панихида во црквата „Света Петка“ во прилепската населба Точила. Во 13 часот е централното одбележување пред споменикот „Карпалак“ во центарот на градот.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе