21 ноември 1877, Едисон го пронашол фонографот
Американскиот пронаѓач, Томас Алва Едисон, на денешен јавно го објавил својот најнов изум, фонографот.
Токму фонографот е направата кој му донела слава на Едисон како пронаоѓач и воедно прекарот Волшебникот од Менло Парк. Иако направата произведувала слаб квалитет на звук и снимениот материјал можел да биде повторуван само одреден број пати, сепак го прославила. Washington Post го опишал како „гениј“.
Фонографот е претходник на грамофонот.