21 октомври 1950, Кина извршила анексија на Тибет
Народноослободителната армија на Кина на 7 октомври навлегна на територијата на Тибет убивајќи 180 тибетски војници и до 19 октомври го окупирала пограничниот град Чамдо.
Властите на Тибет не успеале да добијат меѓународна поддршка и биле оставени на немилоста на Кинезите. Биле приморани на преговори со Кина кои резултирале со целосна анексија на 21 истиот месец. Во војната за одбрана на Тибет загинале 5.700 тибетски војници.
Денес Тибет е де факто независна држава без меѓународно признание, а де јуре е под кинеска власт како автономна област. Народот и натаму не ја признава кинеската власт и моли за ослободување.