Вчера 22-годишна девојка била удрена од автомобил на булеварот „Партизански одреди“. Подлегнала на повредите и починала на лице место.
Несреќата се случила вчера во 23:43 часот, каде автомобил Peugeot 207 со скопски таблички управуван од В.Ј. (20) од Скопје, удрил во пешакот Ф.К. (22) од Скопје.
„Од здобиените повреди на местото на несреќата починала Ф.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција“, велат од МВР.
Возачот В.Ј. бил уапсен и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа извршил увид на лице место. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата. Возачот е задржан и за него е издадена наредба за испитување на крв и урина. Исто така, јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување на снимки од видео надзор на локацијата, како и за преземање на сите други дејствија за целосно испитување на настанот.