










22 март 1935, Персија станала Иран
Всушност, Иран отсекогаш бил Иран, но на денешен ден пред 86 години тогашната власт побарала Западот да престане да го условува како Персија и да го користи името Иран.
Името Персија потекнува уште од античко време кога во V век п.н.е. старите Хелени така ја нарекувале државата на Иранците, а доаѓа од зборот Περσίς што буквално значи „Земја на Персијци“. Персија, всушност, била само една од провинциите на тогашен Иран, која се викала Фарс, а постои и денес под истото име. Таму се наоѓа и античкиот град Персеполис, односно Перса според иранското име.
Оттогаш Западот го прифатил хеленското име Персија и го користел сѐ до 1935 година кога шахот Реза Пахлави на иранската Нова година (Новруз) побарал од земјите ширум светот да го користат вистинското име, односно Иран.
Името Иран доаѓа од зборот ایران (Ērān) и значи Ариевска земја.