22 судии и универзитетски професори во Советот за реформи на судството

Универзитетски професори и судии се дел од Советот за реформи кој треба да го реформира правосудниот систем во земјава. Решенија дека се дел од Советот за реформи во правосудството добиле и универзитетските професори Љубомир Фрчкоски, Мирјана Најчевска, Гордан Калајџиев, Борче Давитковски, Беса Арифи и Мерсим Максути.

Од домашните судови, пак, во редовите на новоформираниот совет се и судијката Наташа Габер Дамјановска од Уставниот суд, Фаик Арслани од Врховен, Бурим Сејдини како претседателите на Управниот суд – Сурим Сејдини, на Апелациониот во Гостивар – Шефајет Хајдари и на Основниот суд Скопје 2 или познат како граѓански – Илир Сујемани, Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права и уште една поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права, Мирјана Лазарова Трајковска.

Вкупниот број на членови изнесува 22, од кои 17 се надворешни експерти, а петмина се од редовите на министерството за правда. Првиот човек на оваа институција, министерот Билен Саљији е претседател на овој совет, а потпретседател е заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски.

Формирање на Совет за спроведување на реформи во правосудството е една од точките која може да се прочита во планот за реформи на Владата, познат како 3-6-9. Токму во делот од планот посветен на судските реформи, власта се обврзува да изгради независен, непристрасен, професионален и ефикасен судски систем.

На краток рок, е предвидено дека ќе се направи целосна ревизија на Нацрт-Стратегијата за реформа на правосудниот систем, а потоа се очекува да следат и законски измени на среден и долг рок, кои ќе се однесуваат на законите за судскиот совет, за заштита на приватноста, за свиркачите и укажувачите итн.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Read more

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Read more

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Read more

Врнежливо време со температури до 17°C

Read more
 

Вести

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе