23 април 1014, Ирците ги победиле Викинзите кај Даблин
Во долга Битка за Клонтарф помеѓу војската на ирскиот крал Брајан Бору и Викинзите предводени од Сигурд Хлодвирсон, ерл на Оркни и Бродир Мански, резултирала со победа на Ирците, но и смрт на нивниот крал.
Битката се одвивала крај реката Толка близу тогаш малиот Даблин. Викинзите биле во коалиција со ирски противници на кралот предводени од Сигтриг Свилобрадиот, крал на Даблин и Маел Морда мак Мирхада, крал на Ленстер. Околу 7-илјадна ирска војска се борела од утро до мрак со околу 6 илјади Викинзи, а во битката освен ирскиот крал Брајан загинале и неговиот син Мурхад мак Брајан, внукот Тоирделбах и противниците Сигтриг Свилобрадиот, Маел Морда, Сигурд Хлодвирсон и Бродир Мански.
По битката се намалило викиншкото влијание и присуство во Ирска која, пак, поради загубата на кралот и неговите наследници, немала крал сѐ до крајот на XII век.
Во 2014 година стотици Ирци ја прославија 1.000-годишнината од битката реконструирајќи ја борбата пред околу 40.000 гледачи.