23 јануари 1849, Елизабет станала првата жена со медицинска диплома
На свечена церемонија во црква во градот Џенива, во сојузната американска држава Њујорк, Медицинскиот колеџ „Џенива“ ѝ ја предал дипломата на Елизабет Блеквел, која станала прва жена со такво звање.
Иако се соочувала со низа пречки и блокади од страна на машките студенти, Блеквел со својата челична волја успеала да ја постигне својата цел, успешно бранејќи ја својата тема за тефоид, која потоа била објавена и во Buffalo Medical Journal.
Била Англичанка родена во Бристол на 3 февруари 1821 година. Нејзината сестра Емили го следела нејзиниот пример и станала третата жена со диплома по медицина. Потоа двете во 1857 година ја основале Њујоршката болница за жени и деца во Менхетен. Активно учествувала и во Американската граѓанска војна како медицинска сестра. Починала на 31 мај 1910 во Хастингс, Англија.