













23 јуни 1894, формиран бил Меѓународниот олимписки комитет
Францускиот наставник и историчар, Пјер де Кубертен, на денешен ден во далечната 1894 година ја формирал ИОК, односно Меѓународниот олимписки комитет, или Comité international olympique на француски и International Olympic Committee на англиски.
Кубертен бил главниот поборник за повторно да се воспостават Олимписките игри и со таа намера ја создал ИОК. На 23 јуни 1894 година одржал конгрес во Сорбона во Париз, на кој Гркот Димитриос Викелас бил избран за прв претседател на ИОК со задача по две години во Атина да ја воспостави модерната Олимпијада. Одлучиле Игрите да се одржуваат на секои 4 години, а паднала и одлука втората Олимпијата да биде во Париз во 1900 година.
До денес се одржани 32 летни Олимпијади, како и 24 зимски. Седиштето на ИОК денес се наоѓа во Лозана, Швајцарија.