23 мај 1934, убиени биле Бони и Клајд
Злогласните криминалци Бони Паркер и Клајд Бароу биле изрешетани до смрт од страна на здружените полициски сили на Тексас и Лујзијана додека се возеле во украден автомобил.
Бони го запознала харизматичниот Клајд кога имала 19 години додека нејзиниот сопруг, за кого се омажила на 16-годишна возраст, издржувал затворска казна. Во 1932 година тие станале пар започнувајќи заеднички криминален живот.
Ограбувале бензински пумпи, продавници, а станале познати по грабежите на банки. Убиле вкупно 13 луѓе за време на своите дејствија. Во јавноста станале еден вид селебрити поради романтичните фотографии кои ѝ ги оставале на полицијата.
На денешен ден тексашкиот ренџер, капетан Френк Хамер, ги начекал додека возеле украден автомобил близу Сејлс во Лујзијана и заедно со својот тим полицајци ги изрешетале до смрт.