23 март 1309, Папството од Рим се преселило во Авињон
Папата Климент V ја преместил папската престолнина во Авињон, Југоисточна Франција, каде што папската резиденција останала сѐ до 1437 година. Овој период е познат како Авињонско папство.
Ремон Бертран де Гот, роден во Виландро во историскиот регион Аквитанија во Југозападна Франција, станал римски папа во 1305 година како Климент V. За време на неговото кратко владеење (умрел во 1314) направил повеќе контроверзии од многумина пред и после него. Ги прогонил, мачел и егзекутирал Темпларите, а папската престолнина од Рим ја преселил во Авињон.
Наредните шест папи седеле во Авињон, до 1378 кога нивните наследници престојувале во Рим иако Авињон официјално останал да биде папска престолнина до 1437 година кога конечно Рим повторно станал центар на Папството.