23 научни факти што не ги знаевме на почетокот на 2016-та

Ова беше навистина долга година на научен план, токму затоа Science Alert на едно место ги собра научните факти што не ги знаевме на почетокот на 2016 година.

Еве за што станува збор:

1. Гравитационите бранови навистина постојат. Повеќе од 100 години откако Ајнштајн ги предвиде, потврдено е нивното постоење во простор-времето. Ова откритие може да се спореди единствено со откритието за Хигсовиот бозон.

2. Мрзливците скоро умираат додека вржат нужда и целата работа изгледа како агонија. Поради тоа слегуваат од дрвата еднаш неделно.

3. Можно е да се преживее повеќе од една година без срце во телото.

4. Можно е да се живее нормален живот дури и без 90% од мозокот.

5. Од најдлабоките бразди во светот, во Тихиот Океан, доаѓаат мистериозни звуци. Научниците конечно открија дека за тоа се најверојатно виновни китовите и нивниот повик за парење.

6. Револуционерниот тип на реактор за нуклеарна фузија кој долго се тестираше во Германија функционира и може да биде клучен за чиста обновлива енергија во иднината.

7. Откриена е планета слична на Земјата, оддалечена само 4,2 светлосни години. Научниците сметаат дека постои потенцијал за населување, па затоа планираат да ја посетат.

8. Откриено е дека Земјата веќе подолго време, на некој начин, има втора мини-месечина. Сопатникот на Земјата што орбитира околу неа е астероид и квази-сателит, наречен 2016 HO3.

9. Можно е да постои деветта планета во нашиот Сончев систем, (Плутон не се брои). Планетата 9 се уште не е официјално потврдена, иако голем број математички модели го потврдуваат тоа.

10. Првите запишани закони за триење се откриени во списите на Леонардо да Винчи, напишани 500 години пред сите останати.

11. Зика вирусот може да се шири сексуално и навистина предизвикува микроцефалија кај бебињата.

12. Враните имаат големи уши, кои се помалку застрашувачки.

13. Најголемиот познат прост број е 274,207,281– 1, што значи дека е 22 милиони бројки во должина и е за 5 милиони бројки подолг од вториот по големина прост број.

14. Северниот Пол бавно се движи кон Лондон, ја промени насоката од запад кон исток и се движи двојно побрзо.

15. Земјата оваа година изгуби доволно лед за да ја покрие копнената површина на Индија.

16. Вештачката интелигенција може да го победи човекот во играта Go.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=SUbqykXVx0A]

17. Најиздржливи суштества на светот се водените мечки, микроскопски малечки животни кои според начинот на движење и полничкиот изглед потсетуваат на минијатурни мечиња. Овие организми можат да преживеат без вода, долгорочно да бидат замрзнати, да издржат различни зрачења, сушење па дури и патување во вселената.

18. Постојат две течни состојби на водата.

19. Постојат атомски јадра во вид на крушки и тие го прават невозможно патувањето низ времето.

20. Пронајден е дел од опашка на млад диносаурус, сочуван во килибар, со што е откриено постоењето и на пердувести диносауруси.

21. Третина од планетата не може да го види Млечниот Пат, поради светлосното загадување.

22. Во Танзанија е откриено големо поле богато со хелиум.

23. Невозможниот погон EM Drive  на НАСА можеби навистина ќе функционира, но засега агенцијата не соопштува како. Тоа е мистерија што веројатно ќе биде разрешена во 2017 година.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе