23 септември 1846, откриена била планетата Нептун
На денешен ден германскиот астроном Јохан Готфрид Гале официјално ја открил планетата Нептун, со помош на Французинот Урбен Ле Верје.
Математичарот и астроном Ле Верје му испратил писмо на Гале со проценка каде отприлика требало да се наоѓа планетата, по што Германецот во опсерваторијата во Берлин вечерта на 23 септември ја лоцирал и пронашол новата планета.
На почетокот планетата ја именувале како „Ле Вернјерова планета“ или „Планетата после Уран“. Гале предложил да се вика Јанус, но во декември истата година името Нептун добило на популарност и било официјално прифатено.
Нептун е 17 пати поголем од Земјата и има радиус на екваторот од 24.764 километри, речиси 4 пати поголем од земјиниот. Се работи за планета од мраз, а сината боја ја добива од гасот метан. Просечната оддалеченост од Сонцето му е 4,5 милијарди километри поради што е најоддалечена планета во Сончевиот Систем. На Нептун му требаат дури 164,79 години за да направи една цела орбита околу Сонцето. Од неговото откривање до денес има направено само еден круг и тоа во 2011 година.