238 санкции за пребрзо возење вчера во Скопје, вкупно 530 санкционирани возачи

Продолжуваат засилените мерки во сообраќајот на подрачјето на главниот град. Од извршените 1.195 контроли, полициски службеници вчера констатирале вкупно 530 прекршоци, од кои 493 по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и 37 по Законот за возила.

Притоа, најголемиот број санкции по Законот за безбедност на патниот сообраќај се однесуваат на непочитување на брзината на движење, односно 238 биле санкционирани за возење со брзина поголема од пропишаната. Биле преземени 43 мерки за возење без возачка дозвола и 51 санкција за некористење сигурносен појас. За непрописното паркирање биле преземени мерки против 69 возачи, 10 возачи управувале возило под дејство на алкохол, регистрирани се 4 случаи на минување на црвено светло, на 7 возачи им се изречени прекршочни санкции за користење мобилен телефон, а во 5 случаи се преземени мерки против пешаци.

По однос на Законот за возила, евидентирани се 9 нерегистирани возила, како и 12 технички неисправни возила.

Засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови на целата територија на државата. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот за максимално почитување на сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заедно да придонесеме за посигурни патишта.

реклама

Хроника

Истрага против татко и двајца синови: Држеле во заложништво шест млади мигранти

Read more

Прегазен малолетник во кругот на Клинички, возачот побегнал

Read more

Болничар допирал малолетничка која била на пракса во болницата во Штип

Read more

Детали за пукањето во Прилеп: Напаѓачот подолг период ја демнел вработената во Центарот за социјални работи

Read more
 

Вести

Американски разузнавачи: Русија развива сателити кои носат нуклеарно оружје

Читај повеќе

В недела меморијален марш за Благојче Илијевски кој почина од цистична фиброза чекајќи „Трикафта“

Читај повеќе

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Читај повеќе

Белата куќа: САД и Русија постигнаа важен договор, се согласи и Украина

Читај повеќе

Прилепскиот театар затворен - објектот е опасен за ансамблот и публиката

Читај повеќе

Истрага против татко и двајца синови: Држеле во заложништво шест млади мигранти

Читај повеќе

Екстремно десничарската АфД за прв пат е најсилна опозиција во Германија

Читај повеќе

Трамп вети дека ќе стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа: Што направи оттогаш?

Читај повеќе

Левица бара разрешување на директорот на болницата во Демир Хисар

Читај повеќе