
















24 март 1999, НАТО го почнало бомбардирањето на Југославија
НАТО алијансата предводена од САД започнала со бомбардирање на СР Југославија со цел да изнуди повлекување на југословенската војска од Косово и Метохија и прекин на тамошниот конфликт.
Во бомбардирањето загинале околу илјада југословенски војници и околу 500 цивили. Бомбардирани биле болници, мостови, фабрики, јавни згради и воени објекти, како и кинеската амбасада во Белград за која подоцна американскиот претседател Бил Клинтон изјави дека било грешка. Југословенската армија соборила три авиони и два хеликоптера на НАТО, а заробила тројца нивни војници.
Бомбардирањето траело до 10 јуни кога Слободан Милошевиќ прифатил повлекување на војската од тогашната покраина Косово и Метохија.
Тоа била прва воена интервенција на НАТО без одобрување од Советот за безбедност на ОН.