24 октомври 2014, Ален Јустас скокнал од работ на вселената
Директорот на Google, 57-годишниот Ален Јустас, станал вториот човек кој скокнал од работ на вселената по Феликс Баумгартнер во 2012 година. Неговиот скок бил таен и притоа го урнал рекордот на неговиот претходник скокајќи од поголема височина.
Тој во височините се вивнал со балон на гас од напуштена железница во познатиот Розвел во американската сојузна држава Ново Мексико. Скокнал од височина од 41.419 километри, а падот траел 4 минути и 27 секунди со просечна брзина од 1,323 километри на час.