24 септември 1852, првиот лет со дирижабл на парен погон
Францускиот инженер Анри Жифар го изведол првиот контролиран лет на парен погон со сопствениот дирижабл патувајќи 27 километри од Париз до Еланкур.
Поради силниот ветар не успеал да се врати назад во Париз според планот. Но, она што сакал да го докаже, успеал да го направи. Докажал дека летало со сопствен погон може да се контролира и да биде управувано.
За изумот Жифар добил патент во 1858 година. Се самоубил во 1882 не можејќи да се справи со губењето на видот. Сиот имот го поделил во хуманитарни цели и за научни истражувања.