24 септември 2015, над 2 илјади загинати во стампедо во Мека
За време на годишниот аџилак во муслиманското светилиште Мека, во стампедо загинаа дури 2.431 лице.
Стампедото се случи во населбата Мина и тоа на пресекот помеѓу улиците 204 и 223 кои водат кон мостот Џамараат. До ден денес не се знаат точните причини зошто настанало стампедото кое резултираше со толкав број на мртви.
Најголем број на жртвите беа од Иран и тоа 464, а потоа од Мали 312. Саудиските власти никогаш не ја признаа бројката на загинати и сѐ уште тврдат дека загинале „само“ 769 лица. Тоа и дополнителни ги влоши односите на Саудиска Арабија и Иран кои и онака беа кревки поради војните во Сирија и Јемен.