25 декември 1989, егзекутиран романскиот диктатор Чаушеску
Откако романската армија се свртела на страната на демонстрантите, Николае и неговата сопруга Елена со хеликоптер избегале од Букурешт по што биле уапсени во градот Трговиште.
На католички Божик, веднаш по апсењето биле набрзина судени со пресуда „смрт со стрелање“ поради нелегално збогатување и геноцид врз романскиот народ.
Веднаш биле однесени надвор каде биле стрелани, а настанот бил потоа емитуван и на телевизија. Со тоа завршила диктатурата на Чаушеску (од 1967 година) и воедно паднал комунизмот во Романија.