Мобилни

25 години од праќањето на првата SMS порака

5. декември 2017 - 13:34 |

Инженерот Нил Папворт, на 3-ти декември 1992 година испратил „Честит Божиќ” од компјутер на мобилниот уред Orbitel 901 на директорот на Vodafone, Ричард Џервис. Останатото е историја.

Со ова, неповратно се промени текот на технологијата, но се наметнаа и своевидни нови норми. Иако требаше да помине многу време да се прифати новиот начин на комуникација од 160 знаци, Nokia беше првиот производител кој лансираше (тогаш) паметни телефони во 1993 година. Исто така, по четири години го претстави првиот уред со целосна QWERTY тастатура - 9000i Communicator.

Но, еден од најбитните луѓе за SMS (Short Messaging Service) е Мети Маконен, чија идеја во 1984 година била кратка деловна комуникација во движење.

IBM Simon е еден од уредите вредни за сеќавање. Се смета за првиот смартфон бидејќи веќе во 1992 година имал дисплеј на допир. Со тоа, IBM бил 15 години пред своето време.

Денес, SMS пораките одвај се одржуваат во живот поради сервисите како Viber и WhatsApp.

Коментирај