25 јули 1984, Светлана Савицкаја станала првата жена која прошетала во вселената
На денешен ден, 25 јули, во 1984 година, советската космонаутка Светлана Савицкаја станала првата жена која излегла и прошетала надвор од леталото во вселената. Таа била надвор од леталото Союз Т-12 повеќе од 3 часа, заедно со колегата Владимир Џанибеков.
Светлана Јевгењевна Савицкаја, родена на 8 август 1948 година во Москва, исто така е втората жена која била во вселената, 1982 година, додека прва била Валентина Терешкова.
Покрај студиите на факултетот за авиоинженерство била и пилотка, и тоа многу успешна. На авиомитингот во 1970 година била светски шампион со 23 брзински рекорди и 3 рекорди во скокање со падобран. Обука за космонаут посетувала во 1980 година. Вкупно имала две мисии во вселената. Нејзината прва мисија била на 19 август 1982 со Союз Т-5, а втората 17 јули 1984. Вкупно во вселената поминала 19 дена, 17 часа и 6 минути.
Имала во план уште две мисии, во 1985 и 1986 година, но првата била откажана, а ја пропуштила другата заради нејзината бременост. Се пензионирала во 1993 година кога имала чин мајор.
Савицкаја е двапати добитник на орденот Херој на СССР. Астероидот 4118 Света е наречен по неа.