25 октомври 1944, извршени биле првите камиказа напади
На денешен ден за време на Битката за Заливот Лејте Јапонците за прв пат ги пуштиле во акција бомбардерите наречени „Божествен ветер“ против американските воени бродови. Резултатот бил погубен и за двете страни.
Одлуката да се нападнат Американците со бомбардери самоубијци била базирана врз фактот што конвенционалните поморски и воздушни битки не успеале да ја сопрат американската офанзива.
Првата единица камикази била составена од 24 пилоти волонтери од јапонската 201 Аеропоморска група. Првата цел бил бродот „Сент Лоу“ кој утрото во 10 часот и 53 минути бил погоден од A6M5 Zeke борен авион и потонал за помалку од еден час, убивајќи 100 Американци.
Во битката кај филипинскиот остров Лејте загинале повеќе од 5 илјади јапонски камикази, а уништиле 34 бродови.
Зборот на јапонски е камиказе (神風) и во превод значи божествен или духовен ветер.