26 јануари 1788, почнала колонизацијата на Австралија
Единаесет британски бродови полни со колонисти на денешен ден пристигнале на австралискиот брег и го подигнале британското знаме во новата земја.
Под команда на капетанот Артур Филипс флотата испловила на 12 мај 1787 година од Англија со крајна цел тогашна Нова Холандија. Целта била да се создаде колонија во Ботани Беј на бреговите на денешната сојузна држава Нов Јужен Велс, крај кој претходно бил истражуван од капетанот Џејмс Кук. Британците се решиле да ја колонизираат Австралија поради загубата на 13-те колонии во Северна Америка, кои прогласиле независност.
Два брода биле воени, три полни со залихи, додека останатите шест биле со колонисти меѓу кои речиси 1.500 криминалци, мажи и жени, кои требало да послужат за колонизирање.
Откако востановиле дека Ботани Беј е лош избор за почеток на нов живот, колонистите се упатиле кон друг залив кој капетанот го нарекол Сидни Коув во чест на Лордот Сидни. Денес таму е градот Сиднеј. Го подигнале британското знаме на денешен ден, кој сега се слави како Ден на Австралија.