Skip to main content
Насловна

Featured Main Menu

  • Вести
  • Спорт
  • Магазин
  • Гик
  • Форум
search

Main navigation

  • Вести
    • Македонија
    • Свет
    • Регион
    • Бизнис
    • Култура
    • Хроника
  • Фото
    • Вести
    • Бејбс
    • Спорт
    • Автомобили
    • Маркетинг
    • Уметност
    • Останато
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Ф1
    • Тенис
    • Останати спортови
  • Сцена
    • Филм & ТВ
    • Рецензии
    • МК сцена
    • Музика
  • Автомобили
    • Авто новости
    • Возевме
    • Концепти
    • Мотори
  • Магазин
    • Пробавме
    • Љубов и секс
    • Здравје
    • Живот
    • Фит
    • Стил
    • Архитектура
    • Книги
    • Чек дис аут
    • #мкфејл
    • Рецепти
  • Видео
    • Забава
    • Спорт
    • Музика
    • Авто-мото
    • Наука и технологија
    • Реклами
    • Останато
  • Гик
    • Вести
    • Интервјуа
    • Гејминг
    • Интернет
    • Мобилни
    • Наука
    • Рецензии
    • Софтвер
    • Фото
    • Хардвер
  • Интервју
  • Теми и коментари
  • Форум
  • Промо
реклама

26 јануари 1946, испечатена била првата Македонска граматика од Круме Кепески

На денешен ден, 26 јануари, во 1946 година, изглегла од печат првата Граматика на македонскиот јазик напишана од професорот Круме Кепески. По издигнувањето на македонскиот литературен јазик со историската одлука на Заседанието на АСНОМ, од 2 август 1944 година, се поставува прашањето околу концепцијата за една официјална граматика.

Нужната потреба од граматика ја исполнува токму Кепески, кој за мошне кратко време ја напишал Граматиката, засновувајќи ја и македонската граматичка терминологија, така што и е објавена во најкраток можен рок.

Со граматиката се покажува посебната структура на македонскиот јазик, а Граматиката веднаш нашла соодветна примена во практиката, особено во образованието па и пошироко во сите комуникациски сфери, администрацијата, културата.

Граматиката на македонскиот јазик била изучувана подолг период во минатото. Како прва печатена македонска граматика на македонскиот јазик се јавува „Слогница речовска“ издадена во 1880 година во Софија од македонскиот преродбеник Ѓорѓија Пулевски. Тоа е еден од првите обиди за опис на современата македонска граматика. Граматиката на Кепески помогна во кодификацијата на македонскиот литературен јазик.

Круме Кепески е македонски лингвист, преведувач и граматичар, роден на 8 април 1909 година во Прилеп. Завршил Филологија на Универзитетот во Белград во 1935 година. По ослободувањето предавал македонски јазик во Педагошката академија во Скопје. Починал на 3 ноември 1988 година.

Фото извор: „Стар Прилеп“ / www.oldprilep.com

Култура

Вечерва бесплатна изведба на „Само глас“ во МНТ по повод Светскиот ден на театарот

Read more
26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

Read more

Почнува Рамазанскиот пост

Read more

Ќе се основа национална установа Оркестар за џез музика во Скопје

Read more