27 април 1521, убиен бил истражувачот Фернандо Магелан
За време на Битката за Мактан на Филипините, морепловецот Фернандо Магелан бил погоден со отровна стрела од бамбус, опколен од домородците и убиен со разни други оружја.
Магелан (изворно: Фернаун де Магаљајш) бил португалски истражувач и морепловец познат како човекот кој ја почнал првата обиколка на Земјата по воден пат во 1519 година.
Додека бил на Филипинските Острови, каде се обидувал да го наметне христијанството кај домородците, влегол во битка со народот Мактан кој одбивал да се преобрати. Токму во битка со нив на денешен ден загинал, а патот околу светот го завршила неговата флота по неговата смрт со еден преостанат брод. Имал 41 година.