„27 април“: Упадот во Собранието координиран од ВМРО-ДПМНЕ и од УБК, армијата демантира учество

Скопје, 7 декември 2018 (МИА) – Иницијативата „За заедничка Македонија“ била формирана од ВМРО-ДПМНЕ и имала фиктивни водачи, а структури на УБК го организирале насилството во Собранието на 27 април 2017 година, изјави вчера пред судот Александар Василевски – Нинџа, еден од 33-цата обвинети за настаните во Собранието.

Според исказот на Василевски, вистинските водачи на иницијативата „За заедничка Македонија“ биле Спиро Ристовски и Кирил Божиновски, а програмата за секоја нивна активност била пишувана во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски на 27 април му кажал дека „комуњарите сакаат да бираат претседател и дека во секој момент треба да биде прогласена воена состојба“, а во 19:15 му се јавил и му рекол да оди да известува од терен.

Исказ пред судот, вчера даваше и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски, кој беше спроведен од притвор. На прашање од судот каде бил на 27 април, рече дека не се сеќава точно, но дека по завршување на работното време бил на натпревар. Во однос на Нинџа рече дека со него се познава од теретана околу две и пол години, односно недела до две пред да стане директор на УБК, а за тоа дали Нинџа бил вработен во службата, Атанасовски се повика на тајност.

Василевски пред судот кажа и дека на една од клупите во „Жена парк“ го сретнал и Горан Грујоски, кој му рекол дека „нема да има вонредна состојба поради притисок од странците кај претседателот на државата“. Околу 22:15 го одвеле во прикриена база на УБК кај Државна болница, каде биле Бошкоски и Сашо Марковски, каде пак разбрал дека се одземени хард дисковите од обезбедувањето на Собранието.

Генералштабот на Армијата на Република Македонија, вчера излезе со демат за информациите за каква било инволвираност на АРМ во случувањата во Собранието на 27 април минатата година оценувајќи ги како груби дезинформации. Од ГШ на АРМ потенцираат дека стојат на располагање во целост да ги презентираат сите податоци и да соработуваат со сите надлежни институции со што конечно ќе се стави крај на натамошни шпекулативни толкувања со кои се нарушува угледот на Армијата. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Read more

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Read more
 

Вести

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе