27 август 1813, Битката кај Дрезден
Наполеон Бонапарта со 135-илјадна војска ги поразил здружените сили на Австрија, Прусија и Русија во Битката кај Дрезден, тогаш дел од Кралството Саксонија.
Иако помалубројни, Французите извојувале убедлива победа оставајќи 38 илјади загинати во противничките редови кои биле предводени од Карл Филип од Шварценберг.