27 декември 2016, почина Кери Фишер, Леа од Star Wars
Актерката Кери Фишер, која се прослави со улогата на принцезата Леа Органа во оригиналната трилогија на Star Wars, го шокираше светот кога почина на 60-годишна возраст пред да почне снимањето на деветтиот дел од франшизата.
Фишер на 23 декември била во авион кој летал од Лондон до Лос Анџелес кога 15 минути пред слетувањето ненадејно престанала да дише. Патниците ѝ пружиле прва помош, а веднаш по слетувањето била префрлена во болница каде четири дена подоцна починала.
Фишер беше дел од новата трилогија (7, 8 и 9 дел) почнувајќи со „The Force Awakens“, а „The Last Jedi“ беше прикажан постхумно. Сценариото за новиот „The Rise of Skywalker“ мораше да биде сменето поради нејзината смрт, а во него Фишер се појавува преку архивски снимки.