„Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност“

27 ноември 2018, почина Горан Стефановски

На денешен ден, пред две години, по кратко боледување на 66-годишна возраст почина познатиот македонски драмски писател Горан Стефановски.

Горан Стефановски е роден во Битола, 27 април 1952 и е еден од најплодните драмски писатели од современата македонска книжевност. Завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал на тема „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“.

Работел во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1986 година бил професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Член на Друштвото на писатели на Македонија од 1979 година. Член е на Македонскиот ПЕН центар.

Со појавата на Стефановски современата македонска драма доживува голем успех, особено со неговите драми „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“.

Стефановски е автор на телевизиските драми „Клинч“, „Сослушувањето на железничарот“ и на ТВ-сериите „Тумба, тумба дивина“, „Бушавата азбука“.

Добитник е на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стериина награда“, „Војдан Чернодрински“.

Горан Стефановски беше и дописен член на МАНУ.

Ви пренесуваме неколку од неговите безвременски цитати:

„Има помалку души одошто луѓе. Знаете ли тоа? Има повеќе тела одошто души. Па една душа опслужува повеќе тела. Душите се како кучиња. Сакаат да се блиску до господарот. А вам ви е гајле. Ги пуштате да гладуваат, да лутаат неспокојно.“ (Жив Човек)

„Затоа што сум жив. Вам ви е сеедно. Луѓето копнеат да умрат. Основците копнеат да станат гимназијалци, гимназијалците студенти, студентите да најдат работа, вработените да се оженат, оженетите копнеат по стан и да им пораснат децата за мирно да си се пензионираат, пензионерите копнеат по здравје, а сите копнеат да умрат и мртви копнеат да се родат за пак да се условно живи, во нов расчекор со себе.“ (Дупло дно)

„Ѕидот во вашата глава. Одбивам да сум жив по инерција, да дишам на шкрги. Одбивам да чекам како јаре пред Ѓурѓовден, како свиња пред Божиќ. Одбивам да шетам со цревата во раце, да гледам како нестручно ме оперирате, сечете и шиете, како ми гнојат раните и да се прашувам колку ли ќе ме боли кога ќе дојдам на себе. Не сакам седативи. Не сум купче протоплазма. Имам волја и разум и ја преземам одговорноста за својот живот.“ (Дупло дно)

„Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.“ (Тетовирани души)

„Денес сè се купува и продава. Дури и она кое луѓето мислат нема цена. Тоа обично е и најевтино.“ (Диво Месо)

реклама

Девојче почина поради предизвик на TikTok, започната истрага во Италија

Read more

Прилог за изградбата на Треска од 1978 година

Read more

Еден човек го има добитното лото ливче од 1 милијарда долари во САД

Read more

Категорично ги отфрламе невистините дека придавката „македонски“ се заменува со уставното име, велат од Комисијата

Read more

Култура

Театар Комедија распиша Конкурс за комедија од домашен автор

Read more

„Антологија на млади поети од Северна Македонија“ објавена во Грција

Read more

Објавена книгата „Григор Прличев и неговиот ХIХ век“

Read more

„Направи Selfie со твојата омилена книга“ – кампања на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола

Read more
 

Вести

Дневен ковид биланс: 184 новозаразени и 6 починати

Читај повеќе

Казнети 385 лица за неносење на заштитна маска

Читај повеќе

Следниот месец во Албанија ќе пристигнат над 40.000 дози вакцини од Pfizer

Читај повеќе

И за моторите важи мерката за привремено одземање возило поради истечена регистрација

Читај повеќе

Вучиќ: Во Србија регистриран новиот вид на коронавирус

Читај повеќе

Ѓоргиев: Придавката „македонски“ останува во записниците на Мешовитата комисија

Читај повеќе

Утре без струја дел од корисниците во Аеродром и Бутел

Читај повеќе

ЕУ: Ќе ги принудиме фармацевтските компании да го почитуваат договорот за испорака

Читај повеќе
  • play_arrow

Прилог за изградбата на Треска од 1978 година

Читај повеќе