27 секунди пекол: Вистинско чудо е како Грожан преживеа

Ф1
А.С.
/ 30.11.2020 / 10:06

Возачот на Формула 1 Ромен Грожан за чудо остана жив по вчерашниот инцидент на трката за Големата награда на Бахреин, откако се заби со болидот на Хас во заштитната ограда.

Грожан наводно удрил во оградата со брзина од 221 км/ч.

Болидот веднаш се запали и проби низ оградата, а Грожан брзо и без поголеми повреди и со една патика на него успеа да излезе од болидот во пламен. Возачот веднаш беше пренесен во болница со хеликоптер, а од неговиот тим соопштија дека поминал со помали изгореници на рацете и зглобовите.

Remote video URL

„Грожан е добро. Има помали изгореници на рацете и зглобовите. Сега е на прегледи, во свесна состојба е. Се чини дека е добро, а и спасувачката екипа брзо реагираше. Редарите и ФИА одлично си ја завршија работата. Беше страшно. Ова беше среќа во несреќа и мислам дека се извлече“, изјваи Гинтер Штајнер, директорот на Хас.

Поздрав од болница

По некое време, самиот Грожан се јави од болницата и им се обрати на своите фанови со видео објавено на социјалните мрежи.

„Здраво на сите, само сакам да ви кажам дека сум добро. Океј, речиси добро. Ви благодарам за пораките и особено им благодарам на персоналот на патеката и во болницата. Се надевам дека ќе можам наскоро да ви напишам пораки и да ве известам што се случува“, вели тој во видеото.

URL
27 секунди пекол

Шпанска Marca денеска објави текст во кој ја реконструира несреќата на Грожан, со наслов „27 секунди пекол“.

„Возачите беа видно исплашени, но беше јасно дека стравот владееше и кај оние што ја гледаа трката дома. Никој никогаш не доживеал таков пекол како оној на кој бевме сведоци вчера. Болидот на Хас беше преполовен, а тоа предизвика излевање литри гориво од резервоарот“, стои во почетокот на текстот.

„Вечно ќе се памти глетката како запалената сенка излегува од огнената стихија во пренос во живо, додека се слушаат врисоци, тој без една патика, со стопен визир и рацете во пламен“, стои понатаму во текстот.

Безбедносните мерки се покажаа ефикасни

Сепак, сè друго функционираше одлично. Грожан знаеше дека мора да го напушти болидот во рок од 10 секунди по судирот и веднаш почна да го откопчува ременот со кој беше прицврстен на седиштето, и покрај фактот што штотуку доживеа невиден шок.

Не успеа да излезе од огнената топка за десет секунди, но остана доволно трезвен да го стори тоа по 27 секунди и да се спаси од потешки последици.

Неговото одело може да издржи температура од 800 степени Целзиусови најмалку 11 секунди, и се покажа дека може да трае подолго затоа што беа потребни 15 секунди за некој да стигне до болидот со апаратот за гаснење пожар, а Грожан сепак беше спасен.

Херој од сенка

Ова се случи благодарение на храброста на д-р Иан Робертс кој го зеде апаратот за гаснење пожар од комесарот Алан ван дер Мерве и побрза да го изгасне болидот без да помисли дека може да експлодира и да им го одземе животот и на двајцата.

„Стигнавме пред глетка што не сме ја виделе досега, она што се случи не беше нешто за што имавме вежбано. Болидот беше преполовен, не можевме ни да ги видиме двата дела бидејќи имаше толку многу пламени јазици. За среќа, комесарот имаше апарат за гаснење пожар, па со него изгаснавме дел од огнот и му помогнавме на Ромен да излезе од автомобилот“, рече Робертс и додаде:

„Му реков да седне откако го извлековме, беше во шок. Визирот му беше стопен, но не вдиша многу токсичен чад во белите дробови, па помина подобро од очекуваното. На крајот, помина само со повреди на рацете и нозете, тоа е вистинско чудо“.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Ф1

Саинс и Леклер доминираа во Австралија, на Верстапен му откажаа сопирачките

Read more

Верстапен: Јас во Мерцедес? Ќе видиме во 2028 година

Read more

По 28 години полицијата го пронајде украденото Ferrari на Герхард Бергер

Read more

Формула 1 ги зголеми приходите на дури 3,2 милијарди долари

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе