27 септември 1825, прв пат парна локомотива пренела патници
Парната локомотивата наречена Active, управувана од инженерот и пронаоѓач Џорџ Стивенсон, за прв пат пренела патници возејќи по пругата Стоктон-Дарлингтон во Англија.
Компанијата S&DR ја нарачала локомотивата една година претходно, а браќата пионери во железничкото инженерство, Џорџ и Роберт Стивенсон, успеале да ја изградат за точно една година.
На денешен ден локомотивата станала првата која влечела патнички вагони минувајќи 40 километри по пругата која ги поврзувала гратчињата Стоктон и Дарлингтон во северниот дел на Англија. Џорџ управувајќи ја локомотивата возел 19-24 км/ч.
Подоцна локомотивата Active била преименувана во Locomotion No. 1.