28 декември 1908, регистриран најсилниот земјотрес во Европа
Во 5 часот и 20 минути утрото на 28 декември 1908 година се случил најсилниот земјотрес некогаш регистриран на европско тло.
Бил со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала со епицентар во Месинскиот Проток кој ги раздвојува островот Сицилија и регионот Калабрија во Италија. Траел 30-40 секунди и бил на длабочина од 8-10 километри.
Речиси комплетно биле уништени градовите Месина и Реџо Калабрија, кои лежат еден спроти друг на Месинскиот Проток. Загинале околу 80 илјади луѓе, а како последица на големиот потрес следувало 12-метарско цунами.