28 јули 1914, почнала Првата светска војна
По атентатот извршен врз војводата Фердинанд во Сараево на 28 јуни, владата на Австро-Унгарија ја обвинила Србија како причинител за атентатот и упатила ултиматум, кој бил отфрлен. Тоа било повод Австро-Унгарија да ѝ објави војна на Србија, три дена подоцна Германија ѝ објавила војна на Русија, а на 3 август и на Франција.
Војната ги вовлекла сите светски економски големи сили собрани во две спротивставени сојузи: Сојузници (врз основа на тројната Антанта помеѓу Руското Царство, Третата Француска Република и Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска) наспроти Централните сили на Германското Царство и Австро-Унгарија. Овие сојузи биле реорганизирани и проширени како што повеќе земји влегле во војната: Италија, Јапонија и САД се приклучиле кон Сојузниците, додека Отоманското Царство и Царството Бугарија се приклучиле кон Централните сили.
Војната завршила дури на 11 ноември 1918 година. Повеќе од 9 милиони борци и 7 милиони цивили загинале како резултат на војната (вклучувајќи ги и жртвите на голем број геноциди). Оваа војна била една од најсмртоносните конфликти во историјата и го отворила патот за големи политички промени, вклучително и револуциите во многу од вклучените земји. Нерешените ривалства што сѐ уште постоеле на крајот од конфликтот придонеле за почетокот на Втората светска војна само 21 година подоцна.