29 април 1429, Јованка Орлеанка ги поразила Англичаните
Утрото на 29 април 1429 година, Јованка Орлеанка пристигнала пред портите на градот Орлеан кој бил под опсада од страна на Французите.
Иако на почетокот командантите на опсадата не ја викнале кога почнувале со нападот врз Англичаните, таа сепак дознала и веднаш се приклучила во битката.
Неразјаснето е дали таа воопшто се борела или само ги бодрела војниците со нејзиниот барјак качена на коњ, но нејзиното присуство за многумина било охрабрувачко. Давала и тактички совети за кои се верувало биле доаѓале од Бога.
Вечерта околу 8 часот Јованка Орлеанка влегла триумфално во Орлеан. Борбите внатре во градот продолжиле до 8 мај кога Англичаните конечно биле избркани.