29-годишна девица го очекува нејзиното прво бебе

Лорен (29) одлучила да води живот без секс, но била решена да стане мајка. Сега го очекува нејзиното прво бебе што го зачна со ин витро.

На оваа млада жена од Канада не ѝ пречи што е девица. Не дека стои на плоштад и им кажува на сите што ќе поминат, но не ѝ се брза да има секс. И не само тоа, таа во голема мера се има откажано од тоа и верува дека целиот живот ќе го помине без секс.

Дел од ова се должи на пореметување на жлездите поради кое има дисбаланс во лачењето хормони во нејзиното тело, но исто така има врска и со тоа дека таа воопшто не е заинтересирана за секс.

Наспроти советите од докторите и нејзините пријатели, таа решила да побара донатор на сперма и да забремени вештачки и да го одгледа детето како самохрана мајка.

Лорен вели дека со оваа одлука исто така се трга од „понудата“ на сингл девојки, особено од социјалните мрежи и апликации за запонавање луѓе, каде според неа има одвратни луѓе кои кажуваат најужасни работи.

„Откако успеав да забременам имаше неколку моменти кога почувствував дека можеби ќе беше убаво да имам некој покрај мене во овие моменти. Понекогаш од љубопитство можам да се ‘смувам’ со некого, но тоа чувство брзо ми поминува бидејќи не се чувствувам своја додека го правам тоа“, вели Лорен.

На прашањето дали има нешто што би им го порачала на девојките кои не се повеќе девици или размислуваат да имаат секс, но уште не го направиле тоа, Лорен одговара:

„Само познавајте се себе си доволно. Колку повеќе се познавате себе, толку поудобно ќе се чувствувате во врска со иборите што ги правите. Јас знам што ми е удобно мене, знам што сакам. Луѓето постојано велат дека треба да најдеш време за да се сакаш себе си. Знам дека звучи како досадно клише, но тоа е најдоброто нешто што може да го направите. Откако ти ќе знаеш што сакаш, нема да ти биде гајле што мислат другите.“

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе