29 јануари 1892, основана била The Coca-Cola Company
Тајкунот Ејса Григс Кандлер формално ја регистрирал компанијата Coca-Cola во Атланта, Џорџија, три години откако го откупил оригиналниот рецепт од фармацевтот Џон Стит Пембертон.
Пембертон во 1886 го измислил пијалакот кој го продавал како медицински напиток, по што рецептот му го продал на Кандлер кој од него направил пијалак популарен во цела Америка, а денес еден од најпознатите светски брендови.
Во 1919 година Кандлер ја продал компанијата на Ернест Вудруф, а до денес се промениле многу сопственици, но седиштето останало во Атланта.