









29 јули 1980, Иран ги заменил Лавот и Сонцето со Бог
Сегашното знаме на Иран било усвоено на 29 јули 1980 година, по Исламската револуција од 1979 година кога од власт била срушена династијата Пахлави.
Требало да биде „свето знаме“, па поради тоа го вклучува Божјето име во центарот - кое исто така може да се подели на различни начини за да се напише Тавхидот („нема Бог освен Бог“) - како и такбирот („Алаху Акбар“ - „Бог е најголем“) напишан 11 пати и на зелените и на црвените ленти.
Ова знаме ја заменило тробојката „Лав и Сонце“ на Империјалната Држава Иран, чија верзија била официјална од 1906 година (последните промени биле направени во 1964 година). Лавот и сонцето биле симболи на Иран со векови. Додека првично биле засновани на астролошки и астрономски конфигурации, нивното значење се менувало повеќе пати во текот на годините, од симболи на шиитскиот ислам до претставување на Шахот и земјата.
Денес иранската дијаспора и натаму го користи империјалното знаме во знак на револт кон исламистите што се на власт.