29 јуни 1958, Пеле го искачил Бразил на фудбалскиот трон
За прв пат во својата историја Бразил станал светски фудбалски шампион кога предводен од младиот 17-годишен Пеле го победил домаќинот Шведска во големото финале.
На денешен ден под будното око на францускиот судија Морис Гиг и публика од 49.737 на стадионот „Росунда“ лоциран во Солна, предградие на Стокхолм, Бразил ја освоил првата од своите 6 титули светски фудбалски шампион.
Швеѓаните, кои биле домаќини на Мундијалот, повеле уште во 4. минута преку легендарниот голгетер на Милан, Нилс Лидхолм, но потоа следувала бразилска канонада. Вава во 9-тата и 32. минута се погрижил за пресврт, Пеле во 55-тата и Мариу Загалу во 68. минута донеле високо водство од 4:1. Агне Симонсон на 10 минути пред крајот намалил, пред Пеле во последната минута да ги постави конечните 5:2.
За шампионот Бразил во сини дресови со бели шорцеви и бели штуцни настапиле: Жилмар; Нилтон Сантус, Белини, Орланду, Џалма Сантус; Диди, Зиту; Загалу, Пеле, Вава, Гаринша. Селектор бил Висенчи Феола.
Патот до титулата на Бразил:
3:0 Австрија
0:0 Англија
2:0 СССР
1:0 Велс
5:2 Франција
5:2 Шведска