29 мај 1953, првпат бил освоен највисокиот планински врв Монт Еверест
На денешен ден, 29 мај, во 1953 година, Едмунд Хилари и шерпасот Тенцинг Норгај први во историјата на човештвото се искачија на највисокиот врв на земјата, „покривот на светот“ Монт Еверест, висок 8.848 метри.
Едмунд Персивал Хилари (Окленд, 20 јули 1919 - Окленд 11 јануари 2008) бил новозеландски планинар и истражувач.
Сер Едмунд бил единствениот жив Новозеланѓанин кој се појавил на банкнота.
Монт Еверест — според надморската височина на врвот е највисоката точка на земјата. Планината се наоѓа на границата помеѓу Непал и Кина.