29 март 845: Рагнар и Викинзите го нападнале Париз
Со околу 5-илјадна флота по реката Сена, данските Викинзи во 845 година извршиле инвазија над Франкија, а на денешен ден ја нападнале и престолнината Париз.
Викинзите премногу лесно ја совладале градската одбрана поставена уште во времето на Карло Велики и едно од првите места што го опустошиле била црквата Сен-Жермен-де-Пре.
Во нападот на Париз сепак градот не страдал многу бидејќи Викинзите се повлекле откако изнудиле откуп од страна на франкискиот крал Шарл Храбриот. Франките платиле околу 7 илјади ливри во злато и сребро.
Според преданијата, Викинзите ги предводел човек именуван како Регинхерус, име кое во викиншките легенди се поистоветува со легендарниот Рагнар Лотбрук.