Многу земји низ светот се познати поради одредени специфичности. Но, веројатно со најмногу такви работи изобилува Јапонија.
Ја викаат Земјата на изгрејсонцето, но исто така комотно може да се нарече и Земјата на распеаните тоалети, на сините семафори, на вендинг машините.
Навистина, Јапонија е единствена по многу работи, различна од остатокот од светот. Јапонските земјоделци одгледуваат квадратни лубеници, луѓето ги паркираат и заклучуваат своите чадори пред да влезат некаде, а постои и цел ланец ресторани кои служат само конзервирана храна.
Накратко, во Јапонија има толку многу необичности што ја прави како да е тотално различен свет од остатокот од планетава.