29 септември 1939, Хитлер и Сталин ја поделиле Полска
Откако Германците го окупирале западниот дел, а Советите источниот, се договориле за меѓусебна поделба по што Полска исчезнала од европската карта.
Поделбата била речиси по реката Буг со тоа што Германија добила 48,4% од територијата на Полска, додека остатокот заминал кај СССР.
Двете страни вршеле терор врз полското население, раселувајќи го, убивајќи го и асимилирајќи го. Околу 6 милиони Полјаци биле убиени, тоа било скоро 21,5% од населението на земјата. Половина од убиените биле полски Евреи, додека другата половина Полјаци. Дури 90% од убиените биле цивили, а полските историчари обвинуваат дека намерно било убивано цивилно население,
Нацистите убиле околу 5,7 милиони, додека Советите околу 150 илјади, според полските историчари.