Facebook, заедно со неколку телекомуникациски компании, финансира проект со кој ќе се пушти најдолгиот кабел под океанот во светот.
Станува збор за проект наречен 2Africa, кабел долг 37.000 километри и кој ќе ги поврзува Африка, Европа и Азија откако ќе добие нов дел наречен 2Africa Pearls.
Facebook минатиот месец објави дека конзорциумот ќе го продолжи кабелот до Сејшелите, Коморските Острови, Ангола и југоисточна Нигерија. Новиот сегмент би резултирал со вкупна должина од повеќе од 45.000 километри.
Како што сугерира името, целта на иницијативата 2Africa е да им овозможи на луѓето што живеат во Африка, кој во моментов е најмалку поврзаниот континент, да се поврзат на интернет.
Потпретседателот на Facebook за мрежна инфраструктура, Кевин Салвадори, рече дека структурата ќе им служи на повеќе луѓе отколку што првично планираше конзорциумот.