3 февруари 1966, Русите први спуштиле летало на Месечината
Советското летало без екипаж Луна-9 успешно се спуштило на Месечината со што станало првото летало кое успеало без проблем да слета на Земјиниот сателит.
Луна-9 било лансирано на 31 јануари од Бајконур космодромот во Казахстан со ракетата Молния-М. Слетало на местото наречено Океан на бури (Oceanus Procellarum). Емитувало радио сигнал од Месечината, а направило и слики од површината. Леталото останало на Месечината каде последниот контакт бил направен на 6 февруари.
Луна-9 докажало дека спуштање на Месечината е возможно покажувајќи дека нема опасност леталата да потонат во месечевата прашина.