3 години затвор за уценувачот: Тајно го фотографирал Шумахер, па барал 15 милиони евра

Ф1
Ф.З.
/ 13.02.2025 / 12:07

Германскиот суд денеска осуди 53-годишен маж, именуван само како Јилмаз Т., на 3 години затвор поради уцена на семејството на Михаел Шумахер.

Архитектот Јилмаз Т. и неговиот 30-годишен син Даниел Л. се обвинети дека барале 15 милиони евра од семејството на Шумахер за да не објавуваат фотографии од легендата на Формула 1 по неговата тешка несреќа.

Татко и син од Вупертал се заканија дека ќе објават приватни фотографии и видеа од седумкратниот шампион во Формула 1 доколку не добијат пари. Нивната колекција содржи фотографии и снимки од Шумахер по тешката несреќа на скијање која му нанесе сериозна повреда на мозокот.

После тоа Шумахер повеќе не беше виден во јавноста. Таткото Јилмаз Т. доби тригодишна затворска казна, додека неговиот син е осуден на условна казна од 6 месеци.

Јилмаз и Даниел ги добиле фотографиите од приватен чувар кој работел во резиденцијата на Шумахер во Швајцарија. Чуварот, идентификуван како Маркус Ф., доби условна казна од 2 години.

Обвинителите заклучија дека поранешниот чувар на семејството продавал фотографии од Шумахер за, како што ја опишале, сума од пет цифри.

Таткото и синот, кои го уценуваа семејството на Шумахер, ја признаа вината и изразија жалење на вчерашното последно судење.

реклама

Европејците не ги менуваат навиките: Dacia Sandero уште е број 1

Read more

Koja e идеалната температура за перење на постелнината?

Read more

Мајк Тајсон: Али ќе ме победеше и во моите најдобри денови

Read more

Белата куќа: САД и Русија постигнаа важен договор, се согласи и Украина

Read more

Ф1

Пјастри победи во Кина пред Норис и Расел

Read more

Пјастри прв ќе стартува во Кина, Расел пред Норис и Верстапен

Read more

Хамилтон од пол-позицијата ќе го стартува спринтот во Шангај

Read more

Берман го искрши болидот на првиот тренинг

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 одлични фудбалери кои се ужас за нивните репрезентации

Читај повеќе

Мајк Тајсон: Али ќе ме победеше и во моите најдобри денови

Читај повеќе
  • play_arrow

Сите голови од вчерашното второлигашко коло

Читај повеќе

Платини и Блатер ослободени од обвиненијата за измама и фалсификување

Читај повеќе

Времеплов: Кога Сити стави голман во нападот за да победи

Читај повеќе

Билетарницата на Арената денеска ќе работи од 10 до 18 часот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс се непрепознатливи: Дончиќ и Леброн добија нова шлаканица, трета по ред

Читај повеќе

Ван Дајк заминува од Ливерпул?

Читај повеќе

Ѓоковиќ сруши рекорд на Надал

Читај повеќе