3 мај 1945, усвоена била македонската азбука
Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донела решение за утврдување на македонската азбука која има 31 буква.
Азбуката прв пат била отпечатена во весникот Нова Македонија број 104 од четврти, петти, шести и седми мај 1945 година.
До ден денес азбуката е непроменета.